ЛДП ОТВОРИ ПАРТИСКА КАНЦЕЛАРИЈА

LDP i DOM

Претседателот на ЛДП Горан Милевски ги отвори партиските простории на ЛДП во Прилеп, на ул. ,,Мице Козар,,. Милевски соопшти дека граѓанското движење на ЛДП и ДОМ следната недела ќе ги промовира кандидатите за градоначалник и листата за советници за Прилеп и регионот. Како ново граѓанско движење на центарот заеднички ќе настапат на претстојните локални избори за, како што велат, да дадат алтернатива на македонската политичка сцена. Ќе понудат луѓе со авторитет, кои нема да робуваат на партиите, луѓе со став и кои не се плашат да се борат за своите убедувања и принципи и ќе ги чуваат градовите и селата

Според првиот човек на ЛДП Горан Милевски, новото граѓанско движење на Центарот е формирано да им се понуди нешто ново што не било понудено во минатите 30 години. На претстојните локални избори ќе настапи под мотото ,,Излези од маглата. Приклучи се. Направи промена,, затоа што нудат визија за општините за наредните 10 години.

Претседателката на Демократска обнова на Македонија – ДОМ, Маја Морачанин акцентира дека ќе бидат фокусирани на еколошките планови и обновливи извори на енергија затоа што локалната самоуправа може многу да направи.

Очекуваат кон либералната и зелена иницијатива на Центарот, да се приклучат граѓански активисти кои негуваат нов начин на водење на општините.

LDP i DOM 1

LDP i DOM 4

Loading