Се обновува детскиот парк и спортското игралиште во населбата Рид. Со нова кована ограда, обновување на спортските реквизити, и нова комунална опрема, ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп, го обновува детскиот рекреативен парк и спортското игралиште во населбата Рид. По најавата од ,, Комуналец,,, дека годинава ќе се обновуваат голем број маалски паркови, но и по барање на месното население, забавното, рекреативно и спортско катче за жителите од населбата добива комплетен лик.