ВЕЛЕЛЕПНО САКРАЛНО ЗДАНИЕ

Црквата Св. Петка во Точила

sv-petka-03

 

Храм Св. Петка во Точила блеска духовност низ пламенот што ги топи свеќите за здравје на шанданите. Се целиваат и милуваат иконите во живописни бои, се разлева песната на камбаната низ милозвучниот глас на свештеникот. Зрачи светилиштето со крст на врвот, насочен кон исток. Во олтарот се светите мошти, со изобразениот лик на Господ Исус Христос кога бил положен на плаштаницата после сметнувањето од крстот на распјетието.

По еден век никна нова црква, градена осум години со донации на граѓаните и бизнис секторо. Завршено е фрескоживописувањето  на таванската конструкција на цркавата налик на Плаошник во Охрид. При живописувањето е користена ретка и речиси слабо експлоатирана техника, оригинална за византискиот период. Со специјални бои на јајце пигмент е зографисан храмот уметници, магистри по иконографија и реставратори. Насликано е ретко житие на Св. Петка со осум сцени. На едно место се сите нови македонски светители. Има 12 големи празници и новите канонизирани македонски светители, битолските маченици, пречистанските маченици… Предвиден е параклис на Св. Никодим Тисмански, што го нема никаде.

Верници следат богослужби во тивка и топла атмосфера, а постарите седат на дрвени извајани столови. Поставено е и подно парно греење, врз чии цевки веќе е креиран мозаик од гранитни и мермерни ситни плочки. И белиот мермерен раскошен иконостаст сведочи на амбиентот на природниот дар на градот на мермерот. Кренат е и владичиниот престол, а на балконот веќе пее мешаниот црковен хор Св. Петка.

– Возвишени чувства навираат со доближувањето до храмот. Душите и срцата се исполнети со голема радост, оти после столетие е изградена православна црква. Благодадта ќе се носи од божјиот храм во домовите. Крстот е сведоштво за силата и духот на македонскиот народ, кој се обединува преку православието. Храмот е мотив за повеќе млади генерациии да ја продолжат традицијата на верата која води напред – велат прилепчани.

Црквата е велелепно, сакрално здание, божји храм, светилиште, убавина во целост, која ги задоволува сите духовни потребни, оти Св. Петка, со целиот култ, веќе е присутна во нашите домови.

Во црквата се одвиваат богослужби и се изведуваат церемонии за слави, кршетвки и венчавки.

Изборот на светителот за новоизградениот храм Св. Петка е направен поради тоа што на 8 август 2001 година, на празникот Препородената маченица Параскева, позната како Света Петка, загинаа 10 прилепчани кај Карпалак.

Loading