ОСМИ АВГУСТ КОБЕН ЗА 10 ПРИЛЕПЧАНИ

slika na zaginati

Осми август 2001 година ќе остане запаметен во поновата историја на Прилеп како кобен ден. За миг згаснаа животите на десетмина млади бранители на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.

Десетмината заедно со стотината соборци, во два автобуси, тоа августовско утро тргнаа кон Тетово. За жал, кај месноста Карпалак, беа пресретнати од терористи. Истрелите засекогаш ги згаснаа животите на Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељановски, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Ќе останат вечно забележани во поновата историја на градот, кој достојно им се оддолжи.

Десетмината се трајно врежани во срцата на најблиските. По 20 години, не се помируваат децата, родителите и сопругите  на загинатите.

Karpalak1

Програма за одбележување на 20 – годишнината од трагичната смрт на десеттемина наши сограѓани на  8.8.2001 година кај Карпалак

7.08.2021 година (сабота)

– 18 ч. Положување цвеќе на споменикот во касарната ,,Мирче Ацев,,

– 19 ч. Положување цвеќе на споменикот во селото Лениште и посета на манастирот Св.Петка, вечерна богослужба.

8.8.2021 година (недела)

6 ч.  Тргнување за Карпалак од пред старата општина

7.30 ч. Положување цвеќе на гробовите на загинатите резервисти

10 ч. – Панихида во црквата Св. Петка – Точила

12 ч. Одбележување пред комплексот Карпалак во центарот на Прилеп

Loading