Мажот се жали дека го боли грлото.
– Не можам ни да зборувам, гледаш дека одвај шепотам.
Жената му вели: – Оди горе кај соседот докторот и нека ти даде нешто, нека те види.
Мажот ѕвони кај докторот, отвара сопругата на докторот, во прозирна ноќница.
Тој зарипнато шепоти: – Комшивке, докторот дома е?
Комшиката исто така шепоти: – Не е… Влези…