В НЕДЕЛА СИТЕ НА СТАДИОН!

Фудбал: Победа – Вардар

Долги пет ипол години се чекаше да се пушти реновираниот Градски стадион ,,Гоце Делчев.. во употреба и еве оваа недела е тој ден. Во 17 часот е пријателскиот меч помеѓу некогашните повеќекратни шампиони, сегашни второлигаши, Победа и скопски Вардар. Двата тима се сретнаа во неделата, на Турнирот ,,Вуко Каров,, во Кавадарци, каде беше 0:0 во основниот дел, а по изведувањето пенали победија прилепчаните. Победа и со домашниот прволигаш Тиквеш изваде 0:0 и беше подобра на пенали, па е победник и освојувач на пехарот. Одличен целиот тим, предводен од 19-годишниот голман Антонио Столевски. Така, покрај досегашниот прв голман, 21-годишниот Даниел Котевски, клубот има уште еден одличен чувар на мрежата.

Тимот на тренерот Дарко Крстески в сабота ќе игра со Охрид, на 14 август со Воска.

Loading