ФЕСТИВАЛ „ЦЕЛО Е КОГА СЕ ИМА 30“ за 30 години независност

,,Цело е кога се има 30,, е тематскиот фестивал што од 21 август до 5 септември во Прилеп и Крушево, во организација на Театар Чин 4 Сцена 5. Фестивалот е осмислен како серија, која преку своите идејни решенија и продукциски активности ќе го претстави континуитетот и трајноста на современата македонска уметност, литература и култура.

Модерниот и креативниот пристап ја допираат не само промоцијата, туку и реактуализацијата (нови естетски доживувања) на поезијата, музиката, танцот и театарот создавани од 1945 година до денес – велат од Театар Чин 4 Сцена 5.

-Вклучени се настани со модерната анализа и мултимедијален пристап со клучните дела и автори од македонската современа литература, музика и уметност со цел да се претстават, не само како значајни за развојот и видливоста на македонската култура и идентитет, туку и како материја која може да биде атрактивна и за најмладите поради современата техника. Процесот со сигурност ќе влијае на реактуализацијата на авторите и делата и нивната понатамошна врежаност во колективната меморија. Дигитализацијата на културните настани е невообичаена пракса не само во Регионот, туку и во државата. Затоа една од целите е целосна дигитализација на настаните и изработка на краен документарен филм. Ангажирајќи креативни лица од Пелагонија континуирано ја поддржуваме независната културна сцена, го јакнеме местото на Прилеп во културната мапа на регионот, влијаејќи на децентрализацијата на културата. Настаните ќе се одржат на сцените на Центарот за култура ,,Марко Цепенков,, театарот ,,Војдан Чернодрински,,  пред Саат-кулата, во Крушево, во Музејот на НОБ и платото пред Македониумот – вели Звонко Димоски, менаџер на проектот.

Почетокот е со претставата  “Парадоксот на Диоген” (Томе Арсовски), кореографија: Јована Зајкова и Бобан Русески / музика: Тодор Скаловски и концертна промоција на албумот „Апокриф” на Добрила и Дориан Дуо, за потоа да следат работилници, изложби, вариете вечер,театарски претстави, мултимедијални работилници… На 5 септември се окончува со музички перформанс на Зарина Првасевда.

Loading