ТОМЕ ВЕЛЈАНОВСКИ СЕ ЈАВИ ОД ШВЕДСКА

Krste Crvenkovski За 100 годишнината од раѓањето на Крсте Црвенковски

На 16 јули, кога пред 100 години, во Прилеп е роден Крсте Црвенковски, народниот херој и носителот на Партизанската споменица од 1941 година, борец, општественик и публицист, нашинецот Томе Велјановски од Гетебор, Шведска и се јавил на ќерката на Црвенковски, Емилија изразувајќи и почит. Таа се заблагодарила што некој од скандинавските земји се присетил за ликот и делото на нејзиниот татко. Во телефонскиот разговор истакнала дека Велјановски бил единствениот кому му текнало на 100 годишнината.

– Ми рече дека сум бил единсвениот кој и се јавил. Не знам дали државата ја заборавила сто годишнината. Неговата ќерка објавила колумна насловена  Генерација што не треба да се заборави. За мене Крсте Црвенковски е симбол како Ченто. Се гордеам со него и тој ја направи државата. Во 1982г. три пати ноќе ме викаа на разговор и ме тормозеа зошто сум ги читал неговите книги Либерализација на општеството и Демократизација на комунистите. Го чувам весникот Млад борец бр. 1664 од 20.09.1989г со неговото интервју со наслов: Сакаат да ме избришат од историјата. Се уште жалам што на 24.07.1990 година, на  чествувањето за Методија Андонов – Ченто во Домот на културата во Прилеп не успеав да се фотографирам со Крсте Црвенковски и Вера Ацева. Ги сакам чесните луѓе и ја сакам Македонија – вели Томе Велјановски – Марулецот од Гетеборг, Шведска.

Тој преку писмо до Зенит во 2015г. предложи Прилеп да му постави споменик на Крсте Црвенковски и да се именуваат училишта, улици и булевари во државата.

Loading