ФРИЗУРИ И КАПЕЊЕ СО ШАМПОН БЕЗ СОЛЗИ КАЈ КУЧИЊАТА

Зоо Шоп Ара

CIMG3331

Александар Мицески – Дрпачо, освен што е одлгедувач на украсни птици, веќе три години е и бербер, фризер на животни. Стрижи кучиња. Како и мачки. Им ги сече и ноктите. Дури и на папагалите им ги потсекува ноктите и клунчињата.  

-Професионално стрижам кучиња. Околу 40 минути, без да плаче, со капење. Третманот почнува со создавање на контакт со животното, без присуство на сопственикот. Првин го стрижам, го капам, му ги средувам ноктите, му ги чистам ушите. Кучињата кои не шетаат, се пасивни, одгледувани салонски, во домашни услови, како малтазери, пудличиња, секако им се сечат ноктите. Нема на што да ги абат, трошат ноктите. Имав интервенција, на последниот нокт на куче, на кое му влегол ноктот в месо. Се нафатив и го средив. Ноктите им растат големи за три месеци, ако е пасивно. И влакното брзо расте. Со чешлањето уште повеќе расте. Правилото на стрижење зависи од желбата на муштеријата, кратко, подлго, зависи од сезоната. Во жештиниве ги стрижам пократко. Ги третирам за заштита од болви, крлежи, со капки и специјални ремчиња. Некои бараат само капење, а некои средување на ноктите. Кај птиците поткусувам клунови и им сечам нокти. Работам од љубов. Не сакам да им угине миленичето и да го немаат дома – објаснува Александар Мицески – Дрпачо.

CIMG3325

 Ги капи со специјални шампони да не им лутат очите. Педикирството и фризирите се бум не само во странство, туку и во Скопје, Битола, па и кај нас. Потребни се најмалку два саати за едно куче, откако ќе се скроти. Успева да го дотера со љубов, без карање и тепање.

-Првинго заигруваме кучето. Ако е агресивно, му ставаме маска. Работиме заедно со помошничката во посебната просторија. Не дозволувам присуство на газдата. Откако ќе го средам, се јавувам на телефон газдата да го земе. Стрижам салонски кучиња, домашни малтазер, пудлица, добшетериер, шитцу… Доаѓаат со помалите повеќе, пекинезери, а големите се потешки за работа. Потребно е поголемо внимание. Бушоните ги бараат со тркалезна глава, со таква фризури – вели Александар.

Алатите за стрижење се специјални и мошне скапи. Користи и фенови. И мачките ги капат, а се стрижат само персиските. Суредувањето е хигиена и убавина.

CIMG3326

-Препорачливо е да се донесат кај професионалец. Секој не може да го среди. Ми се јавуваат, го стрижеле, ми го носат да го дострижам. Пуштам машинка, а кучето плачи, вика… Му направиле рана. Не е лесно. Дома не може да го пострижат – вели Мицески.

Во продавницата Зоо Шоп Ара се продаваат и папагали и други домашни миленици. Има богат избор и на храна и прибор за одгледување и хранење. Од игла до локомотива. Бизнисот го темели на љубовта кон животните уште од 12 годишна возраст наследена од фамилијата Дрпачовци, кои се познати гулабари и врапчари. Има лиценца и за сертифицирана одгледувачница.

Одгледува дома околу 200 птици, пауни, фазани и други. Има стекнато лиценца за меѓународен судија за оценување на украсни птици на изложби.

CIMG3328

БРАДЕСТ ЗМЕЈ, ПИТОН ПАПАГАЛ

Во Зоо Шоп Ара има и уникатни и скапи животни. Гуштер, брадест змеј, и питон. Како и папагал нандаја со име Коко.

– Скапи се и ги продавам. Ги хранам со специјална храна. Питонот со замрзнати стаорци кои му ги стоплувам и му ги давам на две недели еднаш. Гуштерот јаде секој втор ден, брашнарски црви, американски пеперутки, марулка и зелка. Папагалот Коко знае да каже два збора. Стар е шест месеци. Рачно го ранам. Кроток е. Не знае за родители. Знае да дојде кај мене, оти ме познава по гласот. Интелигентен е – вели Александар.

CIMG3327

Drpaco 1

Loading