ДИПЛОМИ И ВАУЧЕРИ ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ

Prvenci na generacija 2021

На 19 првенци на генерација од сите основни и средни училишта од општинава, градоначалникот Илија Јованоски им додели дипломи и вредносни ваучери.

Првенци на генерација од средните училишта се: Јована Стојческа, СОУ ,,Ѓорче Петров,,; Марко Илиоски, СОУ Гимназија ,,Мирче Ацев,,; Марија Цветаноска, СОУ ,,Кузман Јосифоски – Питу,,; Давор Степаноски, СОУ ,,Орде Чопела,,; Андреј Чадамов, СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко,,; Валентин Димитриоски, СОУ ,,Кузман Јосифоски – Питу,,.

Најдобри од основните училишта се: Иван Кузманоски, ОУ ,,Гоце Делче,,; Христијан Николоски, ОУ ,,Добре Јованоски,,; Марија Бардакоска, ОУ ,,Климент Охридски,,; Стефан Јанески, ОУ ,,Блаже Конески,,; Анастасија Петреска, ОМУ ,,Ордан Михајлоски – Оцка,,; Ивана Стојкоска, ОМУ ,,Ордан Михајлоски – Оцка,,; Михаела Јанческа, ОУ ,,Круме Волнароски,, с. Тополчани; Христијан Илиоски, ОУ ,,Рампо Левката,,; Филип Темелкоски, ОУ ,,Кире Гаврилоски – Јане,,; Дамјан Спасески, ОУ „Страшо Пинџур” с. Мало Коњари; Теодора Ристеска, ОУ ,,Кирил и Методиј,, с. Канатларци; Асли Мемишоска, ОУ ,,Кирил и Методиј,, с. Канатларци и Михаил Мирчески, ОУ ,,Кочо Рацин,,.

Покрај дипломите, првенците на генерација од средните општински училишта беа наградени со по 6.000 денари, а најдобрите ученици од основните училишта во општина Прилеп, добија по 4.000 денари.

Loading