ДАЛИ ЗАМИНА ПИВО ФЕСТОТ ВО ИСТОРИЈАТА?

Severina na Pivofest 2009 1,,Традицијата и убавите работи треба да се продолжуваат и надоградуваат, а не да се забораваат и уништуваат. Тоа не е коректно за  сегашните и идни генерации! Пиво фестот ќе ги надживее сите, па и овие…,,.

 Ова го пишува ексградоначалникот Марјан Ристески на својот ФБ профил, алудирајќи на веќе двегодишното отстапување од традицијата на Пиво фестот. Според него, ако лани сосема оправдано се одложи популарната манифестација, тоа не може да се рече и за годинава. Зашто се одржуваат на отворено многу манифестации во земјава, како Охридско лето, Галичката свадба, Локум фест…

Ристески потсетува дека традиционално, првиот викенд после празникот Петровден, во градот под Марковите Кули се случуваше најголемиот настан во историјата на градот и Македонија – Пиво фест. Фестивалот, без бариери, уриваше рекорди невообичаени за Македонија. За четири дена се собираа над 350.000 гости. Иселениците го планираа годишниот одмор со деновите на Пиво фестот. Манифестацијата влезе во картата на светските фестивали за пиво и стана еден од најпрепознатливите туристички брендови во овој дел на Европа. Еуфоријата траеше и  по него со анализи, впечатоци и очекувања за наредниот. Економскиот бенефит беше огромен за градот. На Пиво фестот имаа концерти најпопларните музички ѕвезди на Балканот. Стана престиж тие да се појават на сцената, уривајќи рекорди во нивните кариери по посетеност на концертите. Многу млади луѓе со ангажманот на Пиво фестот заработуваа за одмор, школување, прошетка… Пиварниците се промовираа, а со придружните манифетсации се збогатуваа содржините и забавата. Многу посетители ги откриваа и посетуваа културно историски знаменитости и манастири на градот – пишува Ристески.

Пиво фестот го правеше Прилеп и Македонија центар на Балканот .

Манифестацијата не се организира за неколку недели

На прашањето зошто годинава не се организира Пиво фестот, градоначалникот Илија Јованоски одговори дека доцна се олабавиле мерките на внимантелност со пандемијата. Подготовките за таква манифестација почнуваат по Нова година со резервирање на термините на популарните интерпретатори и со обезбедување на соодветен буџет. Пиво фестот не се организира за неколку недели. Тоа е подолготрајна подготовка, особено во услови на незавршена пандемија и тешкотии во почитување на мерките за дистанца.

Loading