АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Сенките на Балканот може да се оттргнат само со залагање на сите негови жители.

x

При грешењето кој прв ќе си признае – победува.

x

Нема мудрост без љубопитност.

x

Наследниците на оние што ги ислепувале војниците на Самуил зарем сеуште веруваат дека и денес сме ослепени?!

x

Сите сме луѓе, ама кој е и човек не се знае!

x

На врвот на јазикот нема место за многу зборови.

x

Се старее онака како се живеело во младоста.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading