МЕДИЦИНАРИТЕ СПОРТУВААТ

Историја

Некогаш, во социјализмот, се сметаше за значајно спортувањето во работните организации. Во октомври 1975 година од Медицинскиот центар – Прилеп информираа за активности во овој дел. По формирањето на три спортски секции (фудбал, пинг-понг и шах), следеа тренинзи и натпревари. Се организираа пријателски спортски средби со медицинските центри од соседните градови. Првото гостување беше во Кавадарци. Таму мечевите во пинг-понг и шах завршија со победи на прилепските здравствени работници од по 3:1. Фудбалскиот дуел заврши нерешено, 2:2.

Најавени беа средби со други медицински центри од државата и од странство.

Loading