ДОНАЦИИ ЗА КЛУБОТ И ИГРАЛИШТЕТО

Братство Житоше

И новиот второлигаш, Братство од Житоше, почнува со подготовки за претстојното првенство. Тренерот Ромер Муриќ најави квалитетни засилувања за играчкиот кадар. Во меѓувреме се вложуваат напори за доизградба на игралиштето со трибина и соблекувални. Секоја екипа вистински домаќин е само дома. Братство има верна публика која со нетрпение го чека второлигашкиот старт. За да се среди клубот и за да се забрза работата на игралиштето, пристигнува помош од сите страни. Јавно се објавени сите суми во франци, долари, евра, денари. Има повик и за натамошни донации  – финансиски и материјални. Една голема акција за да се стигне што побргу.

Почетокот на првенството е кон средината на август.

Loading