СЕ КРЧКААТ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

Со летните жештини, расте и политичката тепература за претстојните локални избори во октомври. Двете најсилни партии ги прават внатрепартиските анкети за потенцијалните кандидати. И помалите политички субјекти не остануваат покусо, туку ги кројат листите за советници, со кои ќе натпреваруваат во трката за четиригодишен мандат во Советот. Засега нема најави за некакви изненадувања од коалиции или  граѓански листи. Не е исклучено летово да зовријат политичките амбиции на некои политички анономуси и да се втурнат во битката за власт, па ако е можно и со еден советник, кој може да биде носечки за натежнување на власта на оваа или на онаа страна. Тој би имал висока цена, за која ќе лицитираат ,,големите,,.

Како и да е, во партиските кујни веќе се пуштаат имиња како пробни балони. Градоначалникот Илија Јованоски од СДСМ веќе не ги крие претензиите уште за еден мандат. Но, во дел од партиските групи веќе го знаат името соперникот. Тоа е актуелниот директор на царината, Горан Сугарески. И други партиски поситни функционери со симпатии гледаат на градоначалничката фотелји, но засега не се охрабруваат јавно да ги изразат своите стремежи да се кандидираат, туку чекаат како трета можност, доколку стане тесна битката меѓу двајцата сдсмовци.

И во ВМРО – ДПМНЕ веќе е ставена на најсилно внатрпартиската кампања. Разно-разни лоби групи од поранешни функционери и други партиски луѓе со изневерени очекувања ставаат во игра комбинации кои не се баш рационални и се фикција. Таму е уште понејасно, оти покрај актуелниот координатор Дејан Проданоски, туку е и ортопедот Борче Јовчески. Во барабанот на партиските рејтинзи се врти и маневрата пратеникот Петар Ристески да биде конкурент на ривалот од СДСМ. Се насетува потрага по некоја анонимна, чесна и успешна личност од бизнис секторот, која би имала силно влијае за освојување на власта и на остварување на партиските програми според менаџерски критериуми, а не според политички заслуги. И некои академци негуваат надеж дека ќе бидат во внатрепартискиот мегдан за избор на кандидат. И на крајот останува прашањето за влегување во битката и на поранешниот градоначалник Марјан Ристески.

Сé на сé, до крајот на летото ќе се избистрат многу матни прашања пред најсилните политички структури да излезат со понудата на октомвриската трка за доверба. 

Loading