ЛЕКОВИТИОТ ОРЕВ

orevЧајот од млади оревови листови ги исфрла токсините од телото и го подобрува мозокот. Зелениот плод е добар за белодробни и кожни болести, ја прочистува крвта, ги јакне мускулите… Помалку се познати лековитите својства на младите листови, младите плодови и незрелиот плод, кои помагаат за многу болести. Најделотворни се ако се берат во јуни.

Младиот орев лекува белодробни болести, ја чисти крвта, го подобрува видот, ги јакне мускулите и коренот на косата, ги дезинфицира раните, ја подобрува функцијата на мозокот, спречува рак на дојка и простата и др. Познат е како лек за чистење на крвта, јакнење на мускулите и за подобрување на видот. Младите зелени ореви се богати со витамин Ц. Во комбинација со мед се одличен лек за болежливи и слаби деца. Зрелите плодови се полни со масла, се јадат свежи и се одличен извор на омега 3 масни киселини, кои успешно го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта. Оревот се користи против инфицирани рани, кожни болести и воспаление на очите во облик на балсам или како бања. Оревовото масло е добро за нега на косата и заштита од изгореници од сонце. Јатките содржат 65 отсто масло, протеини, јагленихидрати, фосфор, калиум, магнезиум, витамин Б и Ц, железо.

Во споредба со другите јаткасти плодови, оревите содржат двојно повеќе антиоксиданти. Само 30 грама ореви дневно може значително да го подобри вашето здравје.

ЧАЈ ОД МЛАДИ ОРЕВОВИ ЛИСТОВИ

Овој чај е делотворен во комбинација со медот. Го јакне и го чисти телото, па на тој начин го подобрува здравјето. Се користи при проблеми со варењето, гихт, крвавење на непца, гнојни осипи, вагинален секрет…

Листовите содржат етерично масло со жолтеникава боја, кое во себе има танини и материи со топол и горчлив вкус. Оревовите листови берени во јуни и јули пожелно е да се користат додека се свежи и зелени, бидејќи тогаш содржат најмногу лековити состојки.

Loading