КОНЦЕРТ НА ЖЕНСКИ МЛАДИНСКИ ХОР ПРИ МКЦ

plakat

Женскиот младински хор при МКЦ утревечер во фоајето од 20 часот во ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе одржи концерт со дела од Брамс и Брајтен, во пијано придружба на Иван Трајковски. Солисти се Ана Михајлова, Елена Васова, Мила Николовска и Јулијана Деспотоска. Диригент е Сашо Татарчевски.

Од формирањето во 1972  г. сé до денес, Женскиот младински хор е една од најпрепознатливите карактеристики на МКЦ. Изведувајќи разновиден репертоар, покажа дека и пеачи аматери постигнуваат високи професионални резултати. Хорот учествува во разни проекти соработувајќи со други ансамбли и млади композитори. Ансамблот издаде две ЦД-иња.

Хорот е носител на многу награди и признанија на домашни и меѓународни натпревари и фестивали, промовирајќи се во културен амбасадор на Македонија.

Loading