ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (98) – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

Трета генерација од машки пол забележана од Танески Стојче при веселбите на верските празници на сред селото и крлешката игранки, македонски ора, па и куцаното:

1.Атанасоски Стојчев Сребре

2.Дамјаноски Василов Јован

3.Дамјаноски Василов Стојан

4.Јанкоски Ѓорчев Ристе

5.Јованоски Ѓорчев Анѓеле

6.Јованоски Ѓорчев Јован

7.Јованоски Ѓорчев Ристе

8.Јовчески Велјанов Ристе

9.Јованоски Митрев Илија

10.Кормакоски Талев Најдо

11.Јанкоски Ѓорчев Трајан

12.Колески Јованов Трајче

13.Колески Петрев Стојко

14.Павлески Стојанов Петко

15.Колески Бошев Марко

16.Мурџески Митрев Боне

17.Мурџески Митрев Ристе

18.Мурџески Јованов Стојан

19.Стеваноски Огнев Трајче

20.Дојчиноски Каранфилов Стојан

21.Дашоски Петрев Видан

Трета генерација од женски пол ораџици забележани од Танески Стојче при веселбите на верските празници, божикните, велигденските и ѓурѓовденските денови на средселото и крлешката во Средна река, игранки, македонски ора, па и Куцаното оро.

1.Гулабоски Стеван Кита

2.Гулабоска Новачева Виша

3.Јованоска Ѓорчева Грозда

4.Јованоска Митрева Маса

5.Јованоска Митрева Темјана

6.Колеска Стојанова Мара

7.Колеска Стојанова Невена

8.Колеска Трајанова Илинка

9.Колеска Трајчева Јана

10.Колеска Бошева Таса

11.Мурџеска Јованова Менка

12.Мурџеска Митрева Стојна

13.Павлеска Стојанова Стојна

14.Павлеска Стојанова Ристана

15.Бонечка Шапкоска Сребра

Меѓу младите чупина беа помешани на ората невести и постари жени домаќинки жедни за играње ора, во кажувањето Стојче го спомна ова:

1.Дамјаноска Дамјаница Ристана Декароска

2.Дамјаноска Стојаница Благуна Гулеска

3.Дамјаноска Мицојца Аца Цоцеска

4.Велјаноска Ристејца Степаноска

5.Јанкоска Ристејца Спасија Сиџимоска

6.Колеска Крстејца Каранфилка Аџиоска

7.Колеска Мојсојца Неда НИкоска

8.Колеска Трајаница Ивана од Солуните

9.Колеска Јованица Митра Аџиоска

10.Колеска Богданица Менка Вршкоска

11.Колеска Трајчејца Коприна Палашоска

12.Павлеска Петрејца Тема Бешлакоска

13.Здравеска Стојаница Чона Мамалигоска

14.Танеска Ризојца Аца Карандеска

При крајот на минатиот век и во почетокот на овој век 1900 се направија повеќе женидби и мажачки во нашето с. Марул:

1.Дамјаноски Јован се ожени со Колеска Таса марулка

2.Дамјаноски Стојан се ожени за Благуна Гулеска мончанка

3.Јованоски Анѓеле се ожени за Петра Танеска марулка

4.Дамјаноски дамјан се ожени за Ристана ДЕкароска Лопатица

5.Јанкоски Ристе се ожени за Спасија Сиџимоска Подмолка

6.Јованоски Илија се ожени за Петра Милеска Штавичанка

7.Јованоска Грозда се омажи за Марко КолескиМарулец

8.Јованоска Маса се мажи за Трајан Милески Клепаченецот

9.Јованоска Темјана се мажи за Стојан Мурџески Марулец

10.Колеска Мара се мажи за Стеван Чакмакоски Руфчанец

11.Колеска Невена се мажи за Наум Јоноски Руфчанец

12.Јовчески Ристе се ожени за Трајана Степаноска Лопатичанка

13.Колески Мојсо се ожени за Неда Никоска Лопатичанка

14.Колески Трајче се ожени за Коприна Палашоска Клепачанка

15.Јошески Божин се ожени за Јана Колеска Марулчанка

16.Павлески Петко се ожени за Менка

17.Мурџески Боне се ожени за Аргија Велкоска Чумовчанка

18.Мурџеска Ристе се ожени за Стојанка Мачороска Штавичанка

19.Мурџески Доста се омажи за Трајан Дукоски Ношпалец

20.Мурџеска Стојна се мажи за Спасе Бозгески Штавичанец

Првата невеста во Марул земена со запрежна кола во 1905 година

Грујоски Јованов Митре Курела живееше во заедница како момци кај Бегот Тефик Утоски. Заедно со фамилиите на браќата Ѓорче и Тале. Митре најстар брат меѓу браќата беше главен одговорен во куќната заедница и пазарот беше под негова контрола. Неговите две ќерки Маса и Темјана се омажија, Маса во Клепач, Темјана во Марул.

За да го задржи Митре местото за домаѓин ецономист во братската заедница во есента 1905 година одлучи да го ожени 20-годишниот син Илија. Митре таа работа ја заврши, го вери, сврши за Милеска Петра од с. Штавица, лична и отворена девојка во секој поглед.

Митре, татко и свекор одлучи невестата не како дотогаш, како што било невестата да се зема вјавајќи на коњ, сега невестата Јоноска ќе ја земат со запрежна воловска кола.

Во неделата преку денот сватовите од Марул тргнуваат по невеста кај Милевци во Штавица со позајмената двоколка запрежа со високи колца, тркала од бегот Тефик Утоски и чифт биволи што ќе ја возат, тргаат колата.

Сватовите марулски плашејќи се да одат по коловозниот пат преку Ушите од заседа на бандитски групи, плачкачи како што ги имало во тоа време. Затоа го зедоа патот по горни Цуцул, Преслат, Мечкоец право за Штавица. Патот преку Преслап и Мечкоец повеќе личи на каравански планински пат, туку на коловозен пат. Сватовите марулски по патот за Штавица убаво поминале, стигнале кај Милевци. Сите потребни работи се припремаат за невестата, после ручекот марулските сватови ќе се вратат со невеста во Марул.

Девојката Петра Милеска лична и сталожена наќеќеравена како провокација пред нејзините дотогашни другарки и пред сите присутни штавичани и штавичанки во дворот од Милевци. Седнува сега невестата Петра до момчето Илија и го фаќа под мишка рацете и сама во себе си вели со намигнување до присутните, кој е како мене, сега сум прва дама во селото.

Петрините другарки ја испраќаат нејзе со насолзени очи, бамбуросани лица и со поткасани усни меѓу забите. Во големо изненадување за сите што за прв пат е видено во Штавица да невестата седната во кола до момчето и го држи подмишка.  

Продолжува

Loading