КОНЦЕРТИ НА ПИЈАНО И НА ВИОЛИНА ВО ЦЕНТАРОТ

,,Вечер со пијано,, е насловен концертот што ќе се одржи на 22 јуни од 20 часот во фоајето од ЦК ,,Марко Цепенков,,. Ќе настапат Денис Најдоски и Тамара Глигоровска, кои своето музичко образование го завршиле на ФМУ во Скопје.  Ќе бидат исполнети Варијации од темата на Валдстеин од Бетовен, Фантазија од Шуберт, а од Рахмањинов  свитата од балетот Заспаната убавица, која ќе биде практично премиерна изведба.

Најдоски и Глигоровска настапувале на повеќе концерти, на музички манифестации, а учестувале на семинари.

На 23 јуни од 20 ч. во фоајето ќе се одржи концертот ,,Диши љубов,,. Марија Јанчулеска на виолина и пијанистот Илија Иваноски ќе отсвират две сонати за виолина и пијано од Леклаир и од Бетовен. На концертот Јанчулеска ќе свири со брат í Илија, кларинет, со кого ќе настапат првпат заедно.

-Полна сум со среќа. Чувствувам голема љубов додека свирам со брат ми. Не се опишува со зборови – вели Јанчулеска.

Loading