ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (97) – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

Ние помладите генерации од нашите постари, од родителите, стриковците, стрините, тетките не бевме ништо бројно помалку од нив и навикнавме да ја продолжиме нивната домашна и верска традиција, гости и веселби. Имаше добри момчиња и девојчиња за сите работи и за на оро кога се играше Куцаното.

Ова е мојата машка генерација од ергени со кои Стојче го минал детството со нив, помина сред селото со песни, ора, па и Куцаното на верските празници.

1.Велјаноски Јовчев Велјан

2.Гуланоски Новачев Димитрија

3.Гулабоски Стеванов Мијајле

4.Гулабоски Стеванов Огне

5.Гулабоски Стеванов Ристе

6.Грујоски Јованов Ѓорче

7.Дамјаноски Василов Мицо

8.Дамјаноски Ристев Дамјан

9.Здравески Здравев Стојан

10.Здравески Јошев Никола

11.Јошески Цветков Божин

12.Колески Стојанов Крсте

13.Колески Стојанов Мојсо

14.Колески Трајчев Богдан

15.Колески Трајчев Јован

16.Павлески Анѓелев Јован

17.Павлески Анѓелев Петре

18.Павлески Анѓелев Тасе

19.Стојаноски Котев Илија

20.Танески Атанасов Ризо

21.Танески Атанасов Стојче

22.Танески Ристев Велјан

23.Танески Ристев Стојан

Стојчева генерација женски пол, девојки со кои Стојче го минал детството со нив на сред селото со песни и ора, па и Куцаното на верските празници и на крштевката во Средна река:

1.Гулабоска Николева Бисера

2.Гулабоска Николева Мара

3.Гулабоска Николева Милка

4.Гулабоска Николева Менка

5.Гулабоска Николева Ристана

6.Гулабоска Новачева Митра трета

7.Гулабоска Новачева Пауна

8.Гулабоска Новачева Трена

9.Дашоска Петрева Магда

10.Здравеска Ристева Ванѓа

11.Јованоска Митрева Темјана

12.Колеска Стојанова Мара

13.Колеска Стојанова Невена

14.Мурџеска Митрева Доста

15.Писокалска Петкова Митра

16.Стојкоска Котева Цвета

17.Танеска Атанасова Доста

18.Танеска Атанасова Неда

19.Танеска Атанасова Севда

20.Танеска Ристева Грозда

21.Танеска Ристева Ристана

Во нашата генерација израстија тројца млади свирачи гајдаџии: Јошески Цветков Божин, Колески Грујов Боше и Павлески Анѓелев Петре, дарбосани свирачи. Свирев и јас, со нив не можев да се мерам и прекинав. Овие даровани гајдаџии свиреа со договор кој кај ќе свири, кај машкото оро, кој кај женското оро, никогаш немаше проблеми меѓу нив за свирењето. Од Божик до Водици бакчиш му се даваше костење или јаболка. За Велигден бакчиш му се даваше велигденско црвено јајце.

Младите ергени и чупи покрај другите ора многу сакаа да го играат и Куцаното на празниците Божик, Водици, Велигден, Ѓурѓовден, Дуовден итн.

Како што си заминуваат девојките од родната куќа мажејќи се, така ергените ги дополнуваа местата со млади невести и бројот во селото остануваше целосно со жители, рече Стојче Танески. Девојките сакаа повеќе да знаат да играат ора од машките. Затоа што кога девојката ќе се омажи сменува куќа поред срамот за извесно време од страна на новите домашни, на свечените верски денови невестата со куќната тајфа на сред селото домаќинот односно свекорот ќе треба да го извади портмонето, ќесето за да плати кога невестата ќе игра напред да го води орото, претежно ситно оро за рака.

На домашните и нивните ближни роднини му се прави голема гордост, задоволство. Во спротивно ако пак невестата не знае да игра кај домашните луѓе се ствара голема понижувачка и срам од присутните луѓе на сред селото. Нејзината важност е до годината додека не се породи со првото дете.    

Продолжува

Loading