КНИГА ОД М-Р ДУШКО ТАЛЕВСКИ

,,Организација, организационо однесување и маркетинг,, е книгата првенче од нашиот сограѓанин м-р Душко Талевски, кој работниот век го посвети на маркетингот. Вели дека организацијата и организациското однесување и маркетингот, комуникацијата, продажбата, маркетинг менаџментот биле негов интерес и учење, дури и по пензионирањето.

-Книгата не е класичен учебник. Делото е создадено на емпириски науки, практично искуство,  собрано знаење и истражување и соработка со проф. Снежана Мојсоска Саламоска – вели авторот.

Книгата предизвикува размислување во компаниите за поквалитетно, ефективно работење.

Loading