ФУДБАЛ ВО НАЈМАЛОТО СЕЛО

Историја

Во осумдесеттите години фудбалот во Прилеп се рашири насекаде. Дури и во најмалите места. Есента 1980 година беше објавено формирањето на Изгрев, фудбалски клуб во селото Кореница, со само 150 жители. Учествува во најнискиот ранг, Општинската лига – Север. За најистакнати играчи се сметаа Бошко и Благоја Колески, Аце Ѕвездакоски, Петре и Јане Зулјамоски, а луѓе што го водат клубот, Иван Зулјамоски и Иван Ѕвездакоски. Првите резултати беа одлични: победи над Илинден од Долнени и Слога од Лажани, нерешено со Гарван во Десово.

Мечевите како домаќин ги играше во Кривогаштани.

Loading