ЕМ ОБРАЗОВАНИЕ, ЕМ ПАРИ

СОУ ,,ОРДЕ ЧОПЕЛА,,

Flaer 2021 1

Две дуални паралелки со зголемена практична обука за деветтоодделенците се отвораат во СОУ ,,Орде Чопела,, за следната учебна година. Учениците во дуалните паралелки ќе добиваат месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината. Обезбедени се стипендии за ученици од прва година, од земјоделско-ветеринарна и градежно-геодетска струка.

 Се отвораат паралелка од здравствена струка

Во прва година ќе се запишат 254 ученици во 8 паралелки.

-За земјоделско-ветеринарна струка – 93 ученици, 3 паралелки

агротехничар/техничар за агроменаџмент – дуална паралелка во соработка со Тутунскиот комбинат, Ароинвест и Институтот за тутун

техничар по ветеринарна медицина

техничар за фитомедицина

За градежно-геодетска струка – 34 ученици, 1 паралелка – геодетски техничар/ градежен техничар/ архитектонски техничар

Хемиско-технолошка струка – 59 ученици, 2 паралелки – прехранбен техничар – дуална паралелка во соработка со Млекара Мики, Дониа и Стара Фурна

техничар за заштита на животната средина/хемиски лабораториски техничар

Лични услуги – 34 ученици, 1 паралелка за техничар за очна оптика, здравствена струка – 34 ученици, 1 паралелка за медицински лабораториско санитарен техничар

 Пријавувањето и запишувањето ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во јуни:

– од 14 до 17 јуни,

– од 23 до 25 јуни,

– на 30 јуни.

Бесплатен ученички дом.

Loading