ДОГОВОР СО ТРОЈЦА НОВИ

Победа

Одмор е за фудбалерите, Управата и тренерите на Победа. Се работи на  задржување на поголем дел од досегашниот играчки кадар кој го покажа бараниот квалитет и на доведување на нови играчки засилувања. Списокот од тренерот Дарко Крстески за тие што ќе можат да си најдат друга средина ќе се објави откако ќе се знае кои играчи ќе пристапат. Се водат разговори и преговори. Дознаваме дека бил постигнат договор со тројца. Имињата ќе се соопштат штом ќе се потпишат договорите, во периодот на преодниот рок кој стартува на 15 јуни.

Клубот со интерес следи што се случува во стадионот, каде треба уште нешто да се сработи, теренот, седиштата и слично, за наесен да има гледачи на второлигашките мечеви.

Досега нема одредено датум за старт на Втората лига – Исток. 

И Братство второлигаш

Екипата Братство од Житоше ќе и прави друштво на Победа во Втората лига-Исток, откако со 1:0 го совлада Турново, во бараж-мечот во Штип. Стрелец на голот е Насаф Шабанов во 85 минута.

Претходно второлигаш стана и Локомотива од Градско. 

Loading