СТАДИОНОТ ВО ПОДГОТОВКА ЗА ПУБЛИКА

Фудбал

Наредното второлигашко фудбалско првенство најверојатно ќе биде со дозволена публика на натпреварите. Оттука и најавите за дотерување на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,,. Во најфудбалскиот град, љубителите на овој спорт одвај чекаат дозвола за пристап до трибините. Многу скоро се очекува доработка на тревникот, поставување на реклами од фирмите, позиционирање на рефлекторите, поставување на седиштата… Објектот требаше да е пуштен пролетоска, но подобро што тоа се пролонгираше за во август, поради публиката.

Во меѓувреме, второлигашот Победа е активен кај можните засилувања. Се разговора со седум-осум фудбалери. Се чека датумот за почеток на првенството, според кој, тренерот Дарко Крстески ќе го планира стартот на подготовките.

Loading