ПИСМЕНОСТА ВО МАРУ (96) – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

Беше 13 мај 1955 година, заврна пороен голем дожд помешан со град. Насобраната голема вода во местото Метилавка во штавичко во долот откопа два гроба во страната на долот. Постарите луѓе велеа, гробовите се од убиени Бабари. Гробовите долго време беа разголени во страната на долот. Никаква научна археолошка институција не дојде да ги проучи гробовите дали се од Бабари или некоја друга работа.

Вројатно и ден денес стојат гробовите во страницата на долот. Од овие бабарски церемонии со ѕенѕање до убиениот Бабар се претворил собирот во данс и си го добило името Куцано оро со посебен такт. Барем така велеа нашите постари раскажувачи.

Рече Стојче Танески Албуќи за Божик на третиот ден и на Водици вториот ден како женски Водици, се канеа гости невести, веселбата на сред селото беше голема со песни и ора кои се играа посебно за женскиот пол и посебно за машкиот пол се свиреа две ора со различни гајдаџии, едно исто оро за да не се мешаат тактовите на орото и мелодијата, гласот на орото.

Мојата баба Бошејца Петра Волческа од с. Ношпал беше голема ораџица од пет години за рака ме носеше на сред селото за да ги гледам ората и песните испеани и орате изиграни на сред селото. Кај машките ора беше повесело. Мажите за Божик и Водици во групи одеа по куќи поднапиени со вино и ракија омезени со пифтии и други мрсни мезалоци ќе дојдеа на сред селото со грнината вино и топла ракија во крондирите со чизмите ѓонени до подколеници опашани прапорците на ремени до под колениците загреани од пиењето.

Ќе го порача орото Куцаното некој уште со грнината вино во рацете. Ораџиите за Куцаното оро обуени со ѓонени чизми до под колениците накитени редица прапорци на ремени запетлани преку чизмите. Од поскокнување во тактовите на орото прапорците ѕвонат и даваат мелодичен глас помешан со мелосот од гајдата.

Со тропањето на прапорците изведувањето тактот на орото и аплаузот од страна на сеирџиите се добиваше толку убава, милина на веселбата на сред селото. За ова оро Куцаното изведено на сред селото често пати доваѓаа и турски достојници, аги и бегови од по нивните живеалишта по кулите со своите најближни на средселото за гледаат кога се игра орото Куцано.

И од нивна страна со долги ракоплескања поздравувани беа ораџиите за играњето на орото Куцано. Потврдува само македонските ѓаури го играат овој прекрасен данс во вилаетот на нашата царштина. Стојче рече, големи ораџии и ораџици во моето детско сеќавање, памтење за играње Куцаното оро во нашето село беа:

1. Гулабоски Ристев Николе

2. Гулабоски Трајчев Новаче

3. Гулабоски Трајчев Стеван

4.Грујоски Јованов Митре Курела

5. Дамјаноски Ристев Васил

6. Дамјаноски Стојанов Коте

7. Дојчиноски Тошев Јован Јоле кој орото Куцано го играше повеќе од саат време  

8. Колески Ризов Грујо

9. Колески Ризов Трајче

10. Мурџески Ристев Јован

11. Павлески Трајчев Ангеле

12. Павлески Трајчев Тончо

14. Танески Бошев Атанас

15. Танески Велјан Тоше

16. Танески Наумчев Ристе

Меѓу овие постари ораџии имаше напатеј помешано и млади ергенчиња, беќарчиња кои се учеа да играат ора. Тоа беа овие беќарчиња:

1. Грујоски Јованов Ѓорче Курела

2. Дамјаноски Котев Тодор

3. Јованоски Ристев Илија

4. Јанкоски Ристев Ѓорче

5. Дојчиноски Тошев Каранфил

6 .Грујоски Јованов Тале Курела

7. Колески Грујов Ризо

8. Колески Грујов Трајан

9. Павлески Анѓелев Стојан

Имаше и други беќари, ги изумив, одамна е тоа време.

Жени домаќинки надарени ораџици покрај сите ора исто така забележана од стојчевите детски години:

1. Гулабоска Николица Дуна Штркоска од с. Путурус

2. Гулабоска Новачејца Муртаноска од с. Ношпал

3. Гулабоска Стеваница, име заборавено, Божиноска од Бонче

4. Грујоска Митрејца Мара Курелица Дашоска од Марул

5. Дамјаноска Котејца Елена од с. Обедник, охридско

6. Дочиноска Јолејца Коприна Москоска од с. Подмол

7. Колеска Бошејца Проќа Бучиноска од с. Ношпал

8. Колеска Трајчејца Грозда Колимагароска од с. Штавица

9. Мурџеска Митрејца Митра Шијакоска од с. Лопатица

10. Павлеска Анѓелејца Менка Маркоска с. Ношпал

11. Танеска Бошејца Петра баба ми Волческа с. Ношпал

12. Танеска Атанасица мајка ми Дуна Мулоска с. М. Рувци

13. Танеска Ристејца, името заборавено, Вишиноска Прилепец

Четирите ношпалоски жени означени како ораџици жени: Гулабоска Новаческа Малинка, Колеска Бошејца Проќа, Павлеска Анѓелејца Менка и Танеска Бошејца Петра баба ми беа многу добри ораџици за сите ора, па и за Куцаното. Кога играа оро на сред селото играа секогаш не разделени, една до друга.

Чупи ораџици забележани од најмладите детски години на Танески Атанасов Стојче (1868 – 1957):

1. Гулабоска Ристева Благуна – Балабановци, Тополчани

2. Гулабоска Ристева Митра прва Ширковци, М. Рувци

3. Гулабоска Ристева Струма Џогевци во Подмол

4. Гулабоска Трајчева Митра втора Паласковци К. Село

5. Грујоска Јованова Стоја Чалмаџијовци, Лопатица

6. Јанкоска Ристева Велика Плускач во Марул

7. Јанкоска Ристева Кота Пешковци Лопатица

8. Павлеска Трајчева Анѓа Кеновци во Подмол

9. Мурџеска Митрева Благуна Мустревци, Чумово

10. Мурџеска Ристева Мара Русевци с. Добрушево

11. Танеска Бошева Кала Чунтевци с. Бонче

12. Танеска Бошева Елена Целиновци во Марул

13. Танеска Велјанова Ѕуна Конзулите во Штавица

14. Танеска Наумчева Стојна Кеновци с. Подмол

15. Танеска Тошева Сава кај Колевци во Марул

Како што беше тогаш во тоа време се играше во две ора, машко посебно, женско посебно со малце растојание едно од друго за да не се мешаат гласовите на музиката и тактовите на ората кога свирачите ќе свират во исто време.

Кај мажите свиреше Чунтески Трајче дојден домазет кај Јанковци за вдовицата Ристејца, име заборавено. Надарен човек за свирач гајдаџија.

Додека кај жените и чупите, девојките свиреше Колески Стојан наш Танески зет, момче на Сава

Албуќи рече Стојче времето си врвеше, постарите се повлекуваа од се по нешто, од домаќинлакот и од веселбите на верските празници на сред селото и кај крлешката во Средна река.

Продолжува

Loading