ИНСТАЛАЦИЈА „РЕЛАЦИИ“

Изложбата

МЦ Релации

,,Релации,, е насловот на изложбата од уметникот Игор Таневски што е поставена од денеска во ликовната галерија на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Гостин во проектот е  Филип Ивановски – Пепе.

Инсталацијата ,,Релации,, реферира на човековиот однос кон природата и кон животот во време на излолација, сепарација и време на карантин каде се запира на определено време со рутинските постапки. Инсталацијата содржи дигитален отпечаток на интервенција во простор, објекти од транспарентна боена пластика или неколку модели на кооперација и политика од Филип Ивановски Пепе, кој ги претставува приказните од нашето секојдневие, изгубената контрола и вредоности во објектите и изгубените работи.

Таневски вели дека преку експериментирањето со различни технологии и техники се интересира за прашањата врзани со елементите, водата, просторната перцепција, како човештвото делува во сегашноста и каква иднина создаваме и, на крај, како во всушност се менува светот…

-Какви релации воспоставуваме едни со други, со природата, во животот, секаде во време на паметни технологии и интернет, како пред одредени неопходности… Со визуелно и ликовно истражување на инсталацијата, објектот, сликарството и дигитално обработените видео – фрејмови, уметноста ја доживувам како отворен систем кој константно го шири нашиот спектар за восприемање на искуства – вели Таневски.

М-р Игор Таневски дипломирал на ФЛУ во Скопје. Имал неколку самостојни изложби. Добитник е на награди, меѓу кои на наградата ,,Борко Лазески,, од ФЛУ воп Скопје во 2018.

Loading