“РЕНО” ИЗЛЕТАЛО ОД КОЛОВОЗОТ

“Рено” излетало од коловозот при што со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, информираат од МВР.

Povredena sopatnicka

На 31 мај во 10.30 часот на ул. „Радовишка“ во Прилеп, патничко моторно возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(64) од Прилеп, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Б.(59), а возачот Д.Б. се здобил со повреди. Им била укажана лекарска помош во Медицински центар Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.  

Loading