ВО СПОРТСКАТА САЛА ВО МЕДИЦИНСКОТО УЧИЛИШТЕ
Околу 500 граѓани првите неколку дена ќе се вакцинирата на вакциналниот пункт во средното Медицинско училиште. Дневно ќе може да се вакцинираат илјада граѓани. Засега на располагње е вакцината на Астра Зенека. Масовната вакцинација во спортската сала на СОУ ,,Ѓорче Петров,, се одвива непречено. На првите имунизации присуствуваше и градоначалникот Илија Јованоски.
Вакцинираните им препорачуваат на сограѓаните да се имунизираат што поскоро. Граѓаните кои примиле прва доза на вакцина во пунктовите во Битола или Кавадарци ќе мора таму да ја примат и ревакцината, а не во Прилеп.
Пунктот во Здравствениот дом е затворен.