ЕВРОПО, НЕ НЀ ЧЕКАЈ

pismo-2

Со исклучок на времето на Александар Македонски, Македонија секогаш била во пасивна положба. Затоа дозволуваме во Скопје да ни доаѓаат странци за да не советуваат.

Но, судбината не заборава и во неочекуван момент им ја доставува на експанзионистите сметката заедно со каматата. Пандемијата ја разголе Европа како неспособна, нехумана, несолидарна. И уште злобна, алчна и дволична. Особено таква се покажа ЕУ. Таа им забрани на членките да набавуваат руски и кинески вакцини. А Бајден не им дава вакцина додека не се вакцинираат Американците. И за ваква Европа и ЕУ да правиш компромиси со национален интерес, значи недостиг на зрелост, антинационално однесување, самоубиство.

Одбраната на македонскиот идентитет е дел од заедничките човекови вредности, зошто станува збор за право на секој народ за достоен опстанок. Безумно е да водиш дијалог со некој кој сака да те уништи. Придобиеното туѓо наследство им дава основа да го бараат туѓото наследство и надвор од државните граници. Ако една држава има историски претензии кон друга, тоа неминовно доведува до територијални претензии. Глупост е да ја посакуваш ,,иднината,, што никој не знае каква ќе биде, вклучително и лидерите на денешната ЕУ.

Судбината не ги сака слабите и плашливите. Потребни се лидери кои имаат храброст во Брисел да кажат дека Македонија има традиции и достоинство и нема да ги погази во замена за некакво членство. Нашите политичари историски треба да се дообразуваат за да влезат во политиката и да не го прокламираат своето незнаење во медиумите. На барањето на Грција и Бугарија, Македонија да ја усогласи историјата со грчките и бугарските претензии, ќе им кажеме – ,,Ние не сакаме да не сакате. Сакаме само да не ни пречите. Ништо не може да се измисли што нема корен. Историјата има задача да раскажува, а не да докажува. Историјата е сторија за она што се сторило,,.

Не е луд тој што го јаде зелникот, туку тие што им го дозволуваат тоа. Учеството во меѓународните организации и сојузи, какви и да се, е времана вредност. Името, пак е трајна вредност. И токму затоа е логично приоритет да се даде на трајната вредност. Да се чувствуваш Македонец и да имаш македонска самосвест е добро, но не и доволно. Треба и другите да те примат како таков. Со македонска историја, македонски споменици на културата, документарни сведоштва. Каков Преспански договор! Тоа е преспански заговор за уништување на Македонија. Да престанеме да мислиме дека името не е поврзано со идентитетот. Тоа го кажуваат луѓе со еродирано национално сознание. Историската незрелост е најголем проблем за дел од денешното македонско општество.

Поради мноштво чесни, Бог ја дава државата на еден народ, а поради мноштво нечесни, ја одзема. Не случајно во Израел се наоѓа Армагедон (планината Магедо) каде, според Библијата, ќе се случи последната битка пред крајот на светот.

ПРИМ. ДР. Б. ДАМЕСКИ

Loading