РАКОМЕТЕН МЕЧ ЗАВРШИ 5:2

Историја

Во 1949 година во Македонија почнува да се игра ракомет, според книгата ,,Монографија на прилепскиот ракомет,, од новинарот Миле Талески. Станува збор за т.н. голем ракомет, на фудбалско игралиште. Првиот меч во Прилеп е на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, меѓу скопски Работнички и Селекцијата на Прилеп. Гостите го добиваат со, од денешен аспект, чудни, 5:2. Следната година е почнато, но недовршено, Првото првенство на Македонија, во кое учесник е екипата Гоце Делчев од Прилеп. Се одигрува само еден меч, загубен со 2:10 од скопски Милиционер. Првенство има и во градов, во 1953 година, кога прилепската екипа е под името Ударник. Двата меча ги губи, 8:9 од Железничар од Велес, 4:10 од Работнички.

Прв клуб во мал ракомет е Гимназијалец, формиран во 1955 година.

Loading