СПАСОНОСНО Е И ТРЕТОТО МЕСТО

Ракомет

Според последната одлука, во плеј-офот од Супер лигата првопласираниот и второпласираниот директно ќе обезбедат опстанок, а третопласираниот ќе игра бараж. Со шанси за спас е екипата Прилеп. По победата дома (29:23) со Младост, поразот (29:28) во Кавадарци од Тиквеш, претстои гостување кај Голден арт КЛ7 во Скопје.

На табелата води Тиквеш со 18 бода пред Голден арт КЛ7 со 15,  Работнички и Прилеп имаат по 12.

Женската екипа Деспина прво гостува на Шампион во Скопје, потоа дома со скопски Кузман Вардар.

Loading