ПОМОШ КОГА Е НАЈТЕШКО

Marjan Stojkoski - MantaФудбал – ОФС Прилеп

Во период на пандемија тешко е и за фудбалските екипи. Се соочуваат со материјални и финансиски проблеми. Затоа, ФФМ помага на ОФС Прилеп, предводен од членот на УО во ФФМ, Марјан Стојкоски – Манта. Излегуваат во пресрет на сите, го помагаат спортот кој во последно време на Македонија и ги донесе најголемите радости.

-Опфатени се сите рангови, од највисокиот до најнискиот. Тука е и Победа со сите нејзини категории, Женскиот клуб Победа… Дониравме на секој клуб во општинските лиги по 15 илјади денари, како и опрема, топки. И за третолигашите истото. Пред сезоната на сите им олеснивме преку неплаќање на котизацијата. Континуирано помагаме и ќе помагаме максимално, колку што сме во можност – рече Манта.

Под прилепскиот Сојуз се триесетина клуба.

Loading