ГОРД НА ЗАНАЕТОТ

Dostoinstvo na zanaetot

Занаетчија застанат покрај “голото” дрво и под празната тераса, ја доловува автентичноста на старата чаршија. Навидум осамен и изморен од макотрпниот труд, но гордо простум пред  дуќанот, чекајќи муштерии. Ни калта од сокаците, а ни студеното време не сопираат да го одржи занаетот да однесе дома леб и да ги нахрани неколкуте гладни усти. Слика симболизира и достоинство и чесност, намус и среќа, зашто само рацете му се неимари на сопствената судбина.     

На местото на кепенците сјае во неон и алуминиум модерна облека, а наместо калдрмата лесно се гази со високи потпетици по рамните гранитни плочи. Мајсторот замина во историјата. Само фотографијата е татнеж на минатото. 

Loading