НОВИ ТВОРБИ НА МИРЈАНКА СЕЛЧАНЕЦ

Mirjanka-SelcanecНашата писателка Мирјанка Селчанец, која уште твори и радува постојано со нови дела, ги објави романот ,,Прими ме Господе!,, и книгата со моно и дуодрамски текстови ,,Судбини,,, кои се само дел од нејзините ракописи кои чекаат да ја видат светлината на денот.

Романот ,,Прими ме Господе!!,, долго живеел во нејзините мисли .

-Најпосле го пронајдов… во пајажината на литературата. По напишаните 11 романи, не сум личност во романот, ама тука сум, како и во сите други, во кои имам навика да се појавам некаде каде можат читателите да ме видат, ама и да не ме ,,фатат,,. Тука сум, зашто сé за што сум пишувала било, е и ќе биде вистина, што некому му се случила на некој начин. Додека го творев, ме водеше божјата вистина и го создадов, следејќи го мојот инстинкт. Пишував по диктат на некого или нешто што го раководеше мојот мозок за раката да изнапише она што читателот ќе го прочита. Затоа, сé што досега некогаш се случило во мојот живот, дошло од Бога – вели Селчанец за новиот дванаесетти роман.

Во книгата моно и дуо драми ,,Судбини,, се објавени шест моно драми и четири дуодрами, од која една е ,,Мендо и Мајло,, по која се подготвува театарска претстава.

За овековечувањето на градот во литературни дела, кои ќе се паметат, Мирјанка Селчанец е добитник на наградата за животно дело на Прилеп.

Loading