ПРВЕНСТВО НА ЈУГОСЛАВИЈА

Историја

На 12 и 13 април 1986 година во Универзалната сала се одржа Државното првенство на Југославија во карате. Учествуваа близу 100 каратисти од сите републики и покраини. Најдобри беа од Црна Гора, со 9 медали (четири златни, еден сребрен, четири бронзени). Македонија солидно ја претставија прилепчаните Љубен Трајкоски и Славољуб Чаторошкоски во тешка категорија, таму каде што е најсилна конкуренцијата. Штипјанецот Тоше Ристов во лесна категорија стана југословенски шампион. Најдобрите се изборија за учество на Европско првенство.

Одличен организатор беше КК Енергоинвест 11 Октомври.

Loading