
На 22 март почина универзитетскиот професор Тале Герамитчиоски, како последица од корона вирусот. Тој беше заменик-министер за образование во периодот од 2002 до 2006 и пратеник 2006-2008, истакнат член на СДСМ и посветен работник во науката. Беше и поранешен претседател на Советот на општина Прилеп.
Роден е 1962 год. во Прилеп. Дипломирал на Машински факултет – Скопје. Магистрирал (1989) и докторирал (1993) на истиот факултет. Во 1987 год. работел во фабриката „Енергоинвест – 11 Октомври”. Бил помлад асистент (1987), асистент (1991), доцент (1993), наставник (1995), вонреден професор (1998) и од 2002 год. беше редовен професор на Технички факултет – Битола. Членувал во многу здруженија. Има објавено многу трудови.
Сочувство до семејството Герамитчиоски изрази градоначалникот Илија Јованоски.
![]()

