ХЕРОЈСКИ МЕЧ

Ракомет

Прва победа на Прилеп во плеј-аутот од Супер лигата. Соваладн дома е Радовиш со 20:17, во драматичен меч. Гостите водеа со 8:2 во првиот дел, со 15:12 кон средината од второто полувреме, а потоа се случи пресвртот. До крајот на мечот прилепчаните примија само 2 гола, дадоа 8, во меч со малку голови.

Триумфот од 20:17 и освоените 3 бода се мошне значајни. Остануваат шансите за опстанок во борбата за првото место кое обезбедува директен опстанок, или второто кое води во бараж. На мечот порај цврстата одбрана, пресудија стрелците – Давор Шокоски со 5, Александар Тренчевски, Реваз Чантурија по 3, Казеин Рустамов, Владимир Трајкоски, Даниел Андоноски по 2, Кристи Бикоски, Мириани Гавашелишвил и Зура Цинцадзе по 1.

-Херојски меч на момците на Горан Кузманоски, кои, покрај негативата од 6 гола, им успеа да се вратат и да го завршат мечот во своја полза. Честитки до играчите и целиот Стручен штаб – е коментарот во клубот.

Следен противник, пак дома, е скопски Јуниор КВ.

Табела: Тиквеш и Голден арт КЛ7 по 9, Младост и Работнички по 6, Јуниор КВ и Прилеп по 3, Радовиш и Астраион 0.

Женскиот тим Деспина по победата дома со 23:18 над Гевгелија, в недела му гостува на Спартак во Скопје, а в четврток дома со Пелистер.                                                                                       

Loading