АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Наместо кафеани сега редовно се посетуваат – аптеки.

x

Сака да владее со светот, а пред луѓето се залага за владеење на правото.

x

Не е на прав пат оној што постојано се сопнува од ист камен.

x

Само уште афористичарите ли останаа да се залагаат за право и правдина.

x

Не се очекува ништо добро од оној кому му удрила славата во глава  и сега удира по туѓите глави.

x

За промените на кожата се грижат повеќе отколку за промените  во душите.

x

Чекајќи да завладее правото, го начекаа неговите неистомисленици.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading