Бројот на новозаразени почна повторно да се зголемува. Денеска во Прилеп има 85 нови заразени со коронавирусот. Две лица ја изгубиле битката со болеста.

Во последните 24 часа се направени 4.096 тестирања, а регистрирани се 1347 нови случаи на КОВИД-19, во Прилеп – 85. Пријавени се вкупно 17 починати лица, на возраст од 23 –90 години, а од Прилеп починале две лица. Заболени во Прилеп се вкупно 6656, а активни 963 случаи.
![]()

