ТЕОРЕТСКАТА ПОТКОВАНОСТ ОД ДОМА ЈА НАДГРАДИ СО ПРАКСАТА ВО ТЕХНИЧКАТА СФЕРА

Robert 3

Роберт Димитровски (33), доктор по електро технички науки во Германија

Меѓу повеќето Македонци, поточно прилепчани кои живеат и работат во Германија е и прилепчанецот по мајка, Роберт Димитровски (33). Но, тој е меѓу малкумината кои се стекнале со научна титула, доктор и тоа на Електро технички науки во Нирнберг. За Зенит, тој ја раскажува успешната приказна и потрагата по пракса и знаење.

-Докторирав во областа на електротехника, енергетика. Приказната со Германија, каде живеам и работам веќе 11 години, почна кога првин сакав да заминам во Скандинавските земји, да магистрирам таму. Бидејќи околностите не беа поволни со роковите за конкурирање, заминав за мастер студии во Германија, во Котбус, (во покраината Бранденбург), а докторатот го направив во Нирнберг, на Универзитетот Фридрих Александар – ја доловува својот животен пат успешниот и надежен млад човек со прилепски корен, Димитровски .

Во докторската дисертација станува збор за трансформација на електроенергетскиот систем, остварување на политичките цели за ослободување од фосилните извори на енергија, во услови кога струјата се произведува со помош на класичен генетатор и турбина, и кога се внесуваат нови елеменмти во енергетскиот систем, кои се базирани на енергетска електроника. Тоа се разно-разни конвертори. Кога тие два типа на елементи работат во непосредна (електрична) близина, може да дојде до интеракции во фрекфентниот опсег до 50 Херци кои можат да доведат до оштетување на турбината.

-Целта на докторат е да се идентификуваат кои се тие непосакувани интеракциии и да се спречи нивното негативно влијание на стабилноста на системот – објаснува Димитровски кој на универзитетот бил 6 години. Во текот на докторските студии има учествувано на голем број интернационални конференции од областа на енергетиката.

За тоа какви се условите за стекнување на знаења во Германија, Димитровски ја истакнува можноста за пракса.

-Заминувањето во Германија не беше од финансиска природа, туку во потрага по знаење и искуства. Тоа ме повлече и ми даде крилја. За споредба, врската меѓу науката и индустријата во Македонија не постои (е речиси непостоечка), а во Германија на тоа поле има големи предности. По завршувањето на магистерските студии во близина на Берлин, професорот ме препорача да правам пракса во Сименс, во одделот за релејна за заштита во Берлин. Од една страна имав добра теоретска поткованост, а од друга имав директна практична работа. Тоа е најголемата предност што ја нема во Македонија. Завршив со високи оценки на Електротеничкиот факултет во Скопје во насоката порано познато како Висока струја, а сега електроенергетика и управување. По дипломирањето ми понудија да работам во Термоелектрана – топлана на гас во Автокоманда.  Одбив бидејќи бев со намера да се надградувам во Скандинавија. Кога тоа не се совпадна, заминав за Германија на мастер со добра теоретска подлога од Електротеничкиот факултет што беше препознаена. Мостот меѓу теоријата и праксата, во Германија добро функционира – кажува Димитровски.

Какви се живее во Германија?

-Не можам да направам споредба со Македонија, бидејќи немав исксутво и ниту ден работен стаж. Можам да направам споредба со Америка каде престојував неколкупати. Во споредба на тие два два системи, во Германија ми се допаѓа тоа што постои голема социјална сигурност. Заработувачката во споредба со македонските услови, нормално е поголема, но од друга страна стои силната сеопфатна грижа на државата за секој поединец. Почнувајќи од здравствената заштита, социјална заштита при губење на работно место и бесплатното образование. Тоа е голема предност и позитивно влијае на луѓето и на балансот помеѓу работата и приватниот живот. Во Америка се многу посурови работните околности. Се заработува повеќе, но социјалната грижа е многу мала И, не дај Боже нешто ако се случи, оставен си сам на себе. За луѓето кои се претприемчиви, во Америка полесно се напредува и се успева, а сигурноста и стабилноста се бара во европските земји – одговара Димитровски.

Сега работи во еден од преносните оператори на струја во Германија, слично како кај нас МЕПСО, само што во Германија има 4 оператори.

-Работам практично на тоа што беше содржината на дисертацијата. Впрочем, со овој оператор тесно соработував изминативе 6 години. Така и докторирав и таму добив работа. Бидејќи соработуваме добро, тие работи што ги работев 6 години се во врска со предизвиците на преносниот систем и промените што претстојат. Системот не може да се промени преку ноќ, процесот оди поспоро во споредба со информатиката. Работам на воведување на нови елементи во системот, базирани на енергетска електроника. Трансформацијата на енергетскиот систем базиран на конвенционални извори на енергија според систем во кој доминираат елементи базирани на енергетска електроника, е нешто за кое уште не се знае како точно ќе функционира и кои предизвици може да се јават од аспект на стабилноста на системот. Тоа е еден од аспектите за кои сум “најмен” да го работам – вели докторото Роберт Димитровски.

СУБВЕНЦИИ ЗА ПОСКАПАТА СОНЧЕВА СТРУЈА

-Во Германија во тек е процес на менување на енергетскиот систем и овој тренд го следат повекето Европски држави. Целта е до 2050та година целиот континент да стане климатски неутрален. Нуклеарните постројки за кои се претендира да се затвораат постепено, не се гледаат баш поволно во јавноста, без разлика на тоа што тие се климатски неутрални. Не емитуваат јаглероден диоксид за да го загадуваат воздухот. Можно е сепак да се задржат мал број нуклеарки, а да се потенцираат другите обновливи извори кои во моментов достигнуваат до 50 проценти од произвдството на струја. Остатокот е на нуклеарните електрани и на елекраните на јаглен со тенденција и тие да се затворат. Овде се стремат на искористување на сончевата енергија. Државата го субвенционира произвдството на струја од сонцето, иако се посеверно и со помала економска исплатливост, во споредба со Македонија каде што има над 250 сончеви денови. Тоа не можам да го разберам. Субвенциите овде придонесуваат за раст на произвдоството на струја од сонце, а граѓаните кои инсталираат фотоволтаици за струја, вишокот на енергија го продаваат поскапо. Струјата од неконвенционалните извори е поевтина, но државата субвенционира производство на струја од сонце, оти не загадува.

ЧЕСТИТКИ ОД СИТЕ СТРАНИ

Бројни се честитките на ФБ кои Роберт ги добива од сите страни. Меѓу нив е и реакцијата на Кирил Самарџиоски кој му посакува среќа во понатамошниот професионален успех.

“Браво, браво, браво, заслужено ДОКТОР ПО ТЕХНИЧКИ НАУКИ. Речиси за мои услови од времето кога јас студидав, незамисливо (мене ми предаваа од 32 професори од кои само двајца беа доктори на наука). Затоа за мене докторската функција е незамислива, особено пак, што докторираш на високо градирана германска институција! Ти честитам, пожелувам добро здравје и од Бога да си благословен!” – напиша на ФБ Самарџиоски.

Роберт Димитровски му се заблагодарува за честитките и мило  му било што Самарџиоски ја следел презентацијата.

Loading