Нашиот млад пијанист Арсениј Ангелески се закити со првата награда на вториот он лајн меѓународен музички натпревар Musical lace во Идрија, Словенија меѓу од 200 кандидати од 29 земји во пијано, гитара, хармоника, виолина, чело, флејта… Натпреварот имаше високо ниво. Ангелески го воодушеви жирито, свирејќи дела од Бетовен, Бах и Шопен.
Досега бил носител на признанија на меѓународни и домашни натпревари.
Арсениј е ученик во средното музичко училиште во Битола, а основното музичко образование го стекнал во музичкото во Прилеп.