СПОРТОВИ НА ВОДА

Историја

Во 1952 година е изграден пливачкиот базен во Прилеп, со олимписки димензии од 50х25 метри, во состав на Младинскиот спортски центар. Формиран е и пливачки клуб во состав на Спортското друштво Победа. Одржано е Државно првенство во пливање и ватерполо. Во пливање за сениори: Охридски бранови (Охрид) 207 бода, Работнички (Скопје) 117, Вардар (Скопје) 52, Струга 56, Прилеп 1. Во ватерполо се 4 тима, со пласман: Охридски бранови 6, Работнички 4, Струга 2, Вардар 0. Следната година во ватерполо учествува и Победа, со трето место на Државното во Штип, зад двата тима на Охридски бранови.

Во 1957 година Прилеп е домаќин на првиот Државен натпревар на скокови во вода.

Loading