ПОРАНЕШНАТА АВТОБУСКА КАКО „АЕРОДРОМ“

Starata avtobuska stanica

Старата автобуска станица се наоѓала кај катната гаража. Новата е кај железничката станица.

Неколку автобуси, мали бараки како билетари, незаграден простор, но асфалтиран, е местото од каде поаѓале и доаѓале автобусите кои итале до селата и градовите.

Повеќето црвени автобуси биле со дрвени седишта, но тоа не било пречка патниците безбедно да стигнат на својата дестинација, а и без пари да “прелета” по некое писмо или пакет, што не е случај денес.

Постарите се сеќаваат дека местото каде залегнала автобуската станица, пред тоа, го нарекувале “Сенарник”. Тука имало кантари за  вагање на  сеното, кое се продавало.

Loading