МОДНА КРЕАЦИЈА СО МОДЕЛИ ОД КОНГО

61983607 902868866736775 5723173376529268736 oФилип Крстевки, дизајнер и фотограф

Филип Крстевски (24), кој освен што е уметнички фотограф, по професија е текстилен инженер, насока текстил и дизајн менаџмент на УГД – Штип, чија опсесија е модата. Моментно работи на сопствен бренд.

– Моделите се од црната раса. Тоа се мои колеги, машко и женско, студенти на втора година на текстил и дизајн во Скопје. Потекнуваат од Конго. Ги избрав, сакајќи да покажам дека сите сме еднакви. Албумот со фотографии се вика This is a movement, not a moment. Планирам и нова фотосесија со целата група од 10 студенти, чии парчињата се дел од високата мода. Сакав да направам несекојдневна облека, која не се користи во уличната мода, туку за спотови и фотосесии. Креирав и сопствено лого и етикети. Целта ми е облеката да биде различна, да не биде едноставна, туку да се издвојува – објаснува Филип Крстевски.

Бил дел од манифестацијата Моден Викенд во Скопје и учествувал на многу модни ревии во државава и надвор. Преферира да работи облека за висока мода. Според него, прилепчани се облекувале ,,чудно,,.

– Кичот е невкус и лоша комбинација. Младите во последно време почнаа да следат тренд во модата, поразлично и поново на пазарот. Малку се чудни и комплицирани прилепчани околу облеката. Може да биде евтино, но да изгледа симпатично, доколку добро се комбинира – вели Филип.

Се занима и со фотографијата веќе неколку години.

{AG}640/filip{/AG}

– Настојувам да сликам арт и модна фотографија. Кога сме кај модната, фотографија треба да фати сé она што го носи моделот, секој детал – вели Филип.

Учествувал на неколку натпревари за фотографија и направил самостојна изложба со над 50 фотографии. Изработил едиторијалот во соработка со Мелита Ракичевиќ. Како модел во фотосесијата се појавува Санда Лазеска. Работел и фотографии за филм. Има сопствен имиџ, стил кој предизвикува најчесто негативни коментари. Сака да биде поразличен. Носи модели кои уште не се стигнати кај нас. Работи во текстилна компанија, а сонува за сопствена конфекција.

И КРЕАТОР И РЕАЛИЗАТОР

Направил Кинг колекција со неколку професионални фотографии.

– Албумот е лично моја идеја. И јас бев моделот. Фотографиите ги создаде моја другарка. Сакам да дизајнирам, креирам, но и да бидам модел кој најубаво може да го истане парчето облека – вели Филип.

Го барала бугарска продукција за детска емисија да биде дел од жирито.

Loading