СПАС ОД КИЛОГРАМИ ОТРОВИ ВО СТОМАКОТ

Дебелото црево помага при варењето на храната. Ако ,,не работи,, како што треба, токсините се таложат. Потребни се најмалку 24 часа храната да мине низ организмот. Храна со малку витамини и ензими го забавува процесот и до 70 часа. Затоа организмот станува депонија со отрови. Прв знак дека има многу отпади во организмот е запекот.

Симптоми кои покажуваат дека се наталожиле отрови се болка во стомакот, лошо варење, гасови, дијареа, подуеност, запек.

Телото се чисти ако се замешаат 3 дцл вода, на врвот од лажичка црвен пипер во прав, 2 лажички јаворов сируп и сок од половина лимон. Смесата се конзумира 5-8 пати дневно 10 дена. Добро е ако се помешаат 10 капки етерично масло од мента, сок од еден лимон и со 2,5 дцл вода. Течноста се пие две недели.

Елиминацијата на отпадот го подобрува здравјето, варењето и ја олеснува апсорпција на хранливите елементи. Доколку се користат постојано, чаевите се предизвикуваат синдром на мрзливи црева. Најдобро е со здрава храна и со продукти богати со многу нерастворливи растителни влакна.

Еве уште еден рецепт – 1 јаболко, лажица мед,  лажица чија семе, лажица ленено семе, малку цимет и 200 мл вода. Состојките се блендираат во хомоген напиток што се пие на гладен стомак. Редовното консумирање ја подобрува работата на дебелото црево и вкупното здравје.

Процесот на детоксикација се забржува со консумирање на лимон, спанаќ, интегрални житарки, многу овошје и зеленчук и зелен чај.

Loading