ОДБОЈКА ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ

Историја

Големата ѕвезда, Тоше Проески, и покрај професионалната посветеност кон музиката, концертите и хуманоста, наоѓаше време да биде одбојкар. Беше член на Синалко од Крушево. Имајќи го предвид ова, 11 дена по неговата смрт во сообраќајка, на 27 октомври 2007 година, во Универзалната сала во Прилеп во негова чест имаше меѓународен меч. Пред 1000 гледачи негови песни беа пуштани од видео-бим, во паузите од реванш-мечот од  1/16-финалето од купот ЦЕВ, меѓу 11 Октомври Цевитана и швајцарскиот Сеат Нефелс. Гостите победија со 3:0, а тренерот Марјан Басароски ги имаше на располагање: Миланов, Здравкоски, Жабев, Тодоров, Макрески, Јовески, Ристески, Рајевиќ, Савиноски, Богојоски и Најдоски.

И на првиот меч во Нефелс Швајцарците победија со 3:0.

Loading