ОД КОНФЕКЦИЈА ДО КРСТОСНИЦА

Solidnost bese konfekciska sila

Некогашниот “Солидност” денес стана како “автобуска постојка” или место за чекање на автобус или на пријателите… Крстосницата на улиците “11 Октомври” и “Александар Македонски”, каде што денес е кружниот тек, ја викаат Солидност. Буквите што бледеат се само уште спомен од некогашната голема конфекција за спорт и мода. Државна сила била, оти збрала фамилиите и ја намалила невработеноста. Арно се живеело и со високи норми. И убава пара се земало. Кроеле, шијале, сечеле, пакувале и мажи и жени, браќа и сестри роднини, сопруги  и за кај нас и за да размодерат странски луѓе. И не само облека, туку спортски скијачки винтјакни, дури и јоргани.

Мина социјализмот и банкротираа социјалистичките фирми. Постарите уште копнеат по времето што изчезна, иако било напорно.

Loading