НАМЕСТО НА СТАДИОН – НА МОГИЛА!

Фудбал

Неостварени се најавите за враќање по долги 5 години на теренот од Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,,. Иако со нетрпение се чекаше 6 март, в сабота (14 ч.) мечот од Втората лига – Исток, Победа – Слога ќе биде на Могила. Очигледно дека има недовршени работи, и ќе помине уште време до отворањето на објектот. Можеби за меч со поатрактивен противник. Претходно беше поразот со 2:1 од фаворитот Брегалница во Штип. Прилепските фудбалери покажаа солидна игра, водеа со голот на Грозданоски, а вториот гол го примија по недосуден фаул. Ако дадат максимум од своите можности, можат да ја совладаат Слога. Виничаните дома со 0:2 загубија од Кит-Го.

Табела: Брегалница 45, Тиквеш 38, Кожуф 26, Кит-Го 25, Саса 21, Осогово и Слога по 20, Победа 14, Плачковица 11 (-1), Росоман 8.

Прва женска и Трета лига

Деспина во Скопје

Екипата на Деспина го одржува чекорот и разликата од 5 бода со првопласираната Саса. Нови 3 бода се освоени преку победата од 8:0 над Плачковица. Стрелци: Стојковска 5, Ѓорѓиоска, Милеска и Евтинџиоска. Викендов нема првенствено коло, а в среда се игра за Куп. Тимот на Деспина ќе има тешко гостување на Скопје.

Во Третата лига – Југ се издвоија два тима на врвот со по 31 бод – Локомотива Градско и Ново Црнилиште. Тимот на Локомотива со 5:0 го совлада Младост Кривогаштани, а Ново Црнилиште со 6:0 беше подобар од Младост Удово. Третиот Напредок Крушеани, со 28 бода, одигра дома само 1:1 со Дојранско Езеро. В недела (14 ч.) на теренот со вештачка трева Динамо ја чека Локомотива.

Loading