РАСТОТ И ПАДОТ НА СЕЛОТО МАРУЛ ПО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА (1)

marul-1

Во интерес е на историјата не само на селото Марул кај Прилеп, и за потомците на марулчани и околните села добро е подробно да се познава состојбата, амбиентот, условите за одржување и развој на селото со последиците на Првата светска војна. И не само за нив. Зашто низ ова село и околните се кршеле ,,копјата,, меѓу завојуваните страни во Првата светска војна, во која војници на двете страни биле насилно регрутирани жители од Македонија кои ги оставиле коските на боиштето.

Како што е познато, Македонија била оштетена страна, етнички и економски, за време на Првата светска војна. Пеколните последици ги снашло и силно ги погодиле и жителите на селото Марул.

Војната завршила и населението постепено почнало да се стабилизира. Почнало производството на прехрана и се создал дури и резервен капитал. Во 1944 г. селото броело 32 домаќинства, а во 1949 година нараснало до 39.

Како прв жител кој се исели по војната бил Тошески Божинов, Веле Јолески. Во 1930 г. Веле, уште како мал, бил главен како момче кај тетка му Стојанка, сестра на мајка му Доста да ги паси кравите во с. Варош. Веле таму порасна. Идеше на видум во Марул. Имаше жена Мара. Во животот Веле се здоби со тракторска и дозвола за возење лесни коли. Возеше високи службеници во прилепската општина.

Петрески Велјанов Аце Бабјак во 1930 г. се жени со Јанкоска Ристева Велика, марулчанка. Татко и на Велика ја извади од кај Аце, а тој се преженува со Трајанка од с. Путурус. Во 1940 г. умира Ацејца. Аце останува вдовец, а петгодишната ќеркичка Алтана сирачка, без мајка. По некое време, Аце си ја зема ќеркичката и оди домазет за Чона во с. Маково, каде ја доживува староста, Аце Бабјак Гајдаџијата 1904 – 1992 г.

Новачевски Димитриев Божин 1905 – 1960 г. Божин е оженет за Стојна Аџиоска од с. Чумово. Со Стојна имаа едно дете Петкана 1934 г. Божиница Стојна се разболува и умира во 1942 г. Божин по извесно време го напушта родното огниште. Си ја зема ќерката Петкана и оди домазет за вдовицата Ристејца Божиноска во с. Бонче.

Ергенот Петрески Велјанов Кристо ја напушта родната куќа во с. Марул и оди домазет во 1949 г. за девојката Степаноска Иванова Стојна во с. Лопатица и создава поколение. Почина 1920 – 2001 г.. Погребан е во с. Ерековци. Кристо му е брат на Аце Бабјак. И тој беше гајдаџија.

Митрески Ристев Цветан Мурџески 1927 – 2017 г. По отслужувањето на воениот рок во ЈНА 1947-1949 г.,  Цветан не се вратил во Марул. Го вработиле во рудникот за јаглен во Костолац во Србија. Се оженил за девојката Стефанија. Има едно дете Зорица. Цветан е погребан на гробиштата во Костолац.

Јованоски Илиев Цветан Крушка за време на колективот со чин поручник од Втората светска војна е повикан од властите да биде директор на колективот во селото Дабјани. Тој ја прифаќа понудат со жената Василка и децата Арса и Гроздан и во 1949 г. се иселува во Дабница.

Доселувањето на сестрата Василка во родната куќа. Откако се исели Цветан во Дабница, сестра му Маркоска Алексова Василака со својата фамилија, со мажот и Алексо и децата Борис, Верка и Богоја, се враќаат во родната куќа во с. Марул да живеат заедно со осамените родители Илија и Петра во 1949 г. Се иселија во 1951 г. во с. Галичани.

Иселувањето на вториот претседател на с. Марул, Јованоски Јованов Кристо Јанкоски во Прилеп 1951 г. Кристо си дава самоволно отказ од својата функција претседател на колективот во с. Марул. Си ја зема фамилијата, жената Ѕвезда и децата Миле и Гоце и се ислеуваат во Прилеп. Заменик негов стана Јованоски Димитрија. За кратко време го замени Стојаноски Тоде Котески. Иселување на Василка Крушкоска со фамилијата , Алексо мажот и со децата Борис, Верка и Богоја, штотуку се расчу дека Цветан Јованоски Крушка ќе се враќа во Марул, неговата сестра Василка и зетот Алексо Маркоски немале мир во себе и барале погодно место за излез од нејзината родна куќа. Василка и Алексо го избрале с. Галичани. Нивните три деца секој ден беа наши другарчиња. Си игравме на каменот Слизгало во Најдоската река. Како да го слушам гласот на Борис како денес, кога викаше по него сестра му Верка. Верке, наша ајде ќе одиме на школо. Верка беше неразделна другарака со Верка Горѓиоска. Беа трети братучеди со прадедовците Ѓоре и Митре, родени браќа. Во 1951 г., товарени со сите нивни домашни работи на дедовата Илиева запрежна биволска кола, помина крај нашата куќа, држејќи се на рампињето од колата и со силен плач викаа – ,,Дедо, ние сакаме овде да живееме. Имаме многу другарчиња,,. Ние ги поздравивме, мавтајќи со нашите рачиња. Не ни направија внимание, плачејќи со висок глас како да го изгубиле родителот.

Продолжува

Loading